Игор Ангеловски: Очекувам амбициозна Македонија

Објавено на 03 Ноември, 2016 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски по објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварот со Шпанија даде свое видување за играчкиот кадар во селекцијата и очекувањата од натпреварот. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата истакна дека очекува амбициозна Македонија на пресметката против трикратниот Европски шампион и мундијалски победник од 2010 година.

-Тоа што како стручен штаб го најавивме кога ни беше укажана довербата да ја предводиме А селекцијата на Македонија започнуваме да го реализираме. На почетокот од нашата работа поставивме три важни цели. Да создадеме тим кој ќе биде спој на искуство и младост, да се обидеме таа екипа да функционира и квалитетно да се спротиставува на секој противник и да бележиме подобри резултати во однос на претходните квалификации. Првите две главни цели мислам дека сме на добар пат да ги оствариме, а до крајот од циклусот ќе сториме сѐ да го подобриме пласманот и рејтингот на македонскиот фудбал. Фудбалерите кои се повикани од младата репрезентација го заслужија повикот, со пласманот на Европското првенство остварија историски резлутат и самите се наметнаа во најдобрата репрезентација, а не само затоа што јас ветив дека ќе им дадам шанса или затоа што јавноста тоа го бара.

Селекторот Ангеловски истакна дека јавноста треба да има трпение кога е во прашање вклучувањето на играчите од составот до 21 година во најдобриот национален тим.

-Треба да имаме трпение, очекувам амбициозна Македонија, но не треба еуфорично да го прифаќеме фактот што сега во тимот имаме неколкумина од младата репрезентација. Мора да бидеме внимателни, да ги користиме на позиции каде што е најнеопходно и постепено да го дополнуваме квалитетот на сето она што досега го одигравме во квалификациите.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација