Игор Ангеловски нов предводник на А репрезентацијата на Македонија

Објавено на 16 Октомври, 2015 во Вести, Вести


Игор Ангеловски, актуелниот тренер на Работнички и помошник тренер во досегашниот стручен штаб на Љубинко Друловиќ е нов предводник на А репрезентацијата на Македонија. Ангеловски ќе ја води македонската репрезентација на следните два контролни натпревари, на 12. и 17. ноември, а своето деби на клупата на националната селекција ќе го има против Црна Гора на 12. ноември во Скопје.

-Ова е голем предизвик за сите нас. Никој не може да гарантира успех, но можеме да ветиме многу работа. Не стравувам од предизвикот и не се плашам да ја превземам одговорноста иако резултатите од последниот квалификациски циклус и пласманот на ФИФА листата не ни одат во прилог. Сметам дека тоа не е одраз на реалниот квалитет на фудбалерите и ќе направиме се што е во наша можност да го поправиме впечатокот. Имаме фудбалери со силен карактер и заеднички треба да направиме тим во функција на резултатот. Многу добро знам што значи репрезентацијата за сите нас, не само во фудбалот и оттука нема поголем мотив да се вложам себе и тимот се со цел да оствариме подобри резултати, изјави Игор Ангеловски откако официјално доби доверба да ја предводи репрезентацијата.  





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација