Игор Ангеловски: Ѓорѓев е одличен фудбалер, ќе биде големо засилување

Објавено на 13 Април, 2016 во Вести, Вести


Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски вели Никола Ѓорѓев ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот, а неговото вклучување во најдобрата македонска репрезентација се поклопува со плановите за вклучување млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година и помлади играчи кои настапуваат во големи клубови. 

-Со задоволство можам кажам дека добивме уште еден млад, а пред сѐ, квалитетен фудбалер кој веќе настапува за голем европски клуб и нема сомнение дека ќе ја зголеми конкуренцијата во националниот тим.

Никола Ѓорѓев го следевме веќе извесно време, ме радува тоа што и покрај настапите за младите национални селекции на Швајцарија, на мое огромно задоволство, а верувам и на искрените љубители на фудбалот, го прифати повикот да настапува за нашата репрезентација. Мене како селектор ми е чест што ќе имам фудбалер на кого Македонија му е на прво место.

Одлуката на Никола да биде дел од репрезентацијата на Македонија се поклопува и со моите планови кој што беа презентирани во јавноста за вклучување на млади и квалитетни фудбалери од селекцијата до 21 година и помлади играчи кои веќе настапуваат во големи клубови.Симбиозата помеѓу А репрезентацијата и селекцијата до 21 година е повеќе од потребна, младата репрезентација е последен филтер за младите фудбалери.

Наша најголема цел и задача е да ги вклопиме младите играчи во репрезентацијата и да создадеме вистинска екипа за важните квалификациски натпревари, или како што јас сакам да кажам, семејство кое долг период ќе биде заеднo, изјави селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација