Градоначалникот на Штип во работна посета на ФФМ

Објавено на 15 Јули, 2014 во Вести

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска одржа работен состанок со првиот човек на општина Штип, Илчо Захариев.

На состанокот во „Куќата на фудбалот“ се разговараше за начинот на кој се изведуваат работите поврзани со изградбата на теренот со вештачка трева од проектот на ФФМ, “10 терени со вештачка трева“, дел од „Хет трик 3“ програмата на УЕФА и можноста, општина Штип да биде вклучена во новиот проект на ФФМ од програмата „Хет трик 4“ за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот во Штип.

Градоначалникот на општина Штип информираше за интензитетот на работите кои се изведуваат на теренот со вештачка трева, потврди дека проектот е во завршна фаза и ќе биде од голема корист за екипите од еден од најфудбалските градови во државата. Исто така, ги прифати забелешките и сугестиите за потребата градот Штип да влезе во проект за модернизација на стадионот според критериумите на Уефа и во иднина да биде една од базите на националните селекции.

Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски ја потврди заложбата на федерацијата за подобрување на спортската инфраструктура, нагласувајќи дека градот Штип како еден од центрите во источна Македонија ќе ја добие целосната поддршка во намерата да се нарават подобрувања на стадионот и евентуалното вклучување на општина Штип во новиот проект на ФФМ од „Хет – трик 4“ програмата на Уефа за поставување нова подлога на главниот терен и поставување на рефлектори на стадионот. 



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација