Гледајте го натпреварот Вардар - Шкендија во живо на ffm.mk

Објавено на 08 Август, 2014 во Вести


Љубителите на македонскиот фудбал в недела ќе имаат можност првенствениот натпревар меѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкендија“ на Националната арена „Филип Втори“ да го гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија www.ffm.mk.  Следејќи ги новите технологии и светските трендови,  а со цел љубителите на фудбалот кои нема да бидат во можност да дојдат на самиот натпревар, или пак нема да бидат во својот дом од различни причини, им е овозможено да го гледаат натпреварот преку својот компјутер, или телефон, а за тоа им е потребно само интернет конекција и да го посетат сајтот на ФФМ. Натпреварот се игра в недела од 19.00 часот.

Во сабота од 17.30 часот пренос на Македонската телевизија ќе има од натпреварот Ренова - Работнички, натпревар од второто коло од првата лига.

Вардар – Шкендија, 10. август, 19.00 часот.  Приклучете се на www.ffm.mk





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација