Ѓуровски: Храбро, борбено, агресивно

Објавено на 26 Март, 2015 во Вести


Селекторот Бошко Ѓуровски пред медиумите изјави “Ќе се бориме да победиме за да бидеме пред Белорусија во квалификациската група за ЕУРО 2016. Мораме да бидеме единствени, храбри и пожртвувани. Најискусните во тимот веројатно ќе треба да го понесат и најголемиот товар, и со својот пример и залагање на теренот да ги мотивираат и останатите наши фудбалери. Ме радува тоа што технички и тактички го одработивме на тренинзите, посебно односот на играчите од средниот ред и нападот. Се надевам дека и дефанзивниот дел од екипата ќе биде концентриран и на висина на задачата. Жалам што Адеми поради повреда не е во тимот, неговото отсуство, е поголем проблем во однос на отсуството на Марио Ѓуровски, но на тие работи не можеме да влијаеме и да ги смениме, и го прифаќаме тоа што го имаме. Очекувам да бидеме офанзивни, брзи и поагресивни од противникот”.

Ванче Шиков, еден од најискусните во нашиот тим, изјави, ни претстои тежок натпевар, ќе дадеме се од себе да одиграме борбено и мотивирано, доколку победиме, веројатно можеме да се надеваме и на уште поголеми понатамошни успеси.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација