Ѓуровски го одреди почетниот состав против Кина

Објавено на 17 Јуни, 2014 во Вести, Вести

Селекторот на македонската А репрезентација ги одреди првите единаесет кои ќе го започнат натпреварот против Кина, кој се игра денеска со почеток во 13.45 часот.

Ѓуровски се одлучи за следните фудбалери кои ќе му се спротивстават на домашниот тим:  Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.

Македонската репрезентација составена главно од играчи од домашниот шампионат покрај денешниот ќе одигра и втор натпревар против Кина, на 22 јуни во Јинан. Ѓуровски се надева дека неколку млади фудбалери ќе ја оправдаат довербата и сериозно ќе се наметнат во најдобрата наша репрезентација.

- Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работиСекако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција, изјави селекторот на репрезентацијата, Бошко Ѓуровски.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација