Ѓоко Зајков и Елиф Елмас: Сите сме 100 отсто мотивирани

Објавено на 15 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год


Репрезентативците на Македонија до 21 година Ѓоко Зајков и Елиф Елмас говорат за почетокот на Европското првенство и нашиот прв дуел со Шпанија. Македонија до 21 година предводена од селекторот Благоја Милевски на 17. јуни отвора на стадионот во Гдиња против младите Шпанци, а во нашата група ќе се соочиме и со Србија и Португалија.

-Шпанија е една од најквалитетните репрезентации, индивидуално се одлични, но ние сме 100 отсто мотивирани и го чекаме денот на натпреварот. Кај фудбалерите гледам осмех на лицата, а тоа е само по себе е позитивно. Знаеме дека мораме да држиме високо ниво на игра во текот на целиот натпревар и да бидеме дисциплинирани. Ова е прв натпревар за нас на Европско првенство, но во изминатите две години одигравме доволно силни дуели и мислам дека нема да биде претешко да го надминеме притисокот кој го носи овој тип натпревари, вели еден од капитените во селекцијата Ѓоко Зајков.

-Сите заедно, како вистински тим треба одново да покажеме дека можеме да се носиме и надигруваме со најдобрите репрезентации. Ќе ни треба и малку среќа, сепак ова е прво наше големо натпреварување. Излегуваме да се соочиме со Шпанија, а тоа е предизвик, одговорност, но и уживање. Позитивниот притисок ќе биде присутен, но се надевам дека брзо ќе се опуштиме, вели младиот Елмас.







   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација