Футсал: Железарец ја слави двојната титула

Објавено на 30 Мај, 2016 во Вести, Футсал


Шампионот Железарец ја одбрани двојната круна од минатата сезона со убедлива победа над Јувентус Серава во финалето од Купот на Македонија во футсал кој се одигра во Битола.

На почетокот на натпреваро фаворитот Железарец имаше неколку одлични шанси, но голманот на екипата на Јувентус одбрани неколку тешки удари и не му дозволи на Железарец да дојде до брзо водство. Сепак, отпорот на Јувентус беше скршен во финишот на првото полувреме кога Мартин Тодоровски постигна гол за водство од 1:0.

На стартот на вториот дел веднаш многу по конкретни напади на Железарец и набрзина зголемено водството преку Исмаили во 25.минута и Тодоровски во 27.минута за 3:0. Голеадата на Железарец продолжи и во последните десетина минути од натпреварот кога преку Леовски во 30.минута, Петровиќ во 32.минута, Крстевски 33.минута и Ранготов во 37.минута дојдоа до предност од 7:0.

Со оваа победа нашиот најтрофеен клуб дојде до својата 6. титула во Купот на Македонија и повторно ја освои двојната круна во македонскиот футсал со што ја докажа својата доминација.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација