Футсал: Македонија со победа против Грција го отвори претквалификацискиот турнир

Објавено на 31 Јануари, 2019 во Вести, Футсал


Футсал репрезентацијата на Македонија со победа против Грција од 5:3 го отвори претквалификацискиот турнир за пласман во следната рунда квалификации за Светското првенство. Нашата селекција одигра одлично прво полувреме, но малку фалеше да направиме од готово - вересија откако противникот израмни на 3:3 во продолжението. Во клучните моменти од натпреварот, Марио Крстевски беше најприсебен и со два гола придонесе за конечна победа од 5-3. 

Македонија во 3. минута поведе со 1:0 по акцијата на Андов и Леовски. Водството го удвои Зибери по асистенција на Крстовски, а неколку минути подоцна погоди и Левески за убедлива предност од 3:0. 

Во вториот дел, Македонија искусно го чувеше водството, но само до 30. минута, кога концентрацијата во нашата одбрана падна и Грција со три брзи гола за само пет минути стигна до израмнување од 3-3. Стрелци на головите беа Ставрокопулос и Тарлас (2).

Сепак, во клучните моменти од мечот, Крстевски беше најприсебен и со два гола донесе конечна победа од 5:3. 

Во првиот натпревар од нашата група, селекцијата на Албанија убедливо со 5-0 го совлада Сан Марино. Во следното коло, кое на програмата е утре, Македонија ќе се судри со Сан Марино, додека противник на Грција ќе ѝ биде Албанија. 




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација