Футсал А репрезентација: Квалификациски турнир во Казахстан за пласман на ЕП 2018

Објавено на 03 Април, 2017 во Вести, Футсал


Македонската репрезентација во футсал се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2018 година во Словенија.

Репрезентативците и стручниот штаб подготовките за трите квалификациски натпревари ги одработуваат во Дојран. На турнирот кој од 07. до 11. април ќе се одржи во Алмати, Казахстан нашата репрезентација ќе се соочи со Чешка, Данска и домашниот Казахстан.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија Иван Божовиќ за турнирот во Алмати ќе смета на следните играчи: Антонио Петровски, Илчо Удовалиев, Влатко Петровски, Леонид Ристановски, Зоран Левески, Данило Де Соуза, Ферид Агуши, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров, Иван Крстевски и Еркан Сефари.

-Ние сме во завршна фаза на подготовките. Гледавме голем број натпревари од противниците и сметаме дека е направена солидна анализа за квалитетот на екипите. Немаме повредени фудбалери, сите играчи се максимално подготвени и нема никаква дилема дека ќе го дадат макисмумот во обид да ја исполниме нашата цел. Верувам во играчите и сметам дека со заедничка ангажираност можеме да стигнеме до бараж. Како што е познато таму има место за второпласираните од секоја група и за најдобрите третопласирани селекции. Што се однесува до групата, секако главен фаворит за првото место е Казахстан. Тие на последното Европско првенство во Белград се пласираа на третото место. Имаат специфичен стил на игра каде го користат и голманот како играч. Чешка е редовен учесник на сите големи натреварувања и има висок рејтинг. Знаат да играат на резултат. Тука е и квалификантот Данска, истакна селекторот Иван Божовиќ.

На отворањето Македонија ќе игра со домаќиниот и прв фаворит за првото место, селекцијата на Казахстан, на 9. април ќе се соочиме со Чешка, а последниот дуел го играме на 11. април против репрезентацијата на Данска.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација