Футсал- контрлони средби со Хрватска, завршни подготвки за Казахстан

Објавено на 21 Март, 2017 во Вести


Од 23. до 27. март македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни средби со репрезентацијата на Хрватска. Термините за нивното одигрување се 24. и 26. март во спортска сала „Гемиџии“ во Велес со почеток во 19:00 часот. Натреварот во Скопје е од затворен тип. Истиот ќе се одигра во спортскиот Центар „Форца“ на 25. март и ќе започне во 17:00часот.

Овие натпревари би требало да бидат искористени како „генерална проба“ пред квалификацискиот турнир во Алмати (Казахстан) од 4. до 11. април. Покрај една од најдобрите футсал репрезентации во Европа, домаќинот Казахстан и нашиот национален тим на квалификацискиот турнир ќе настапат уште Чешка и Данска.

На списокот на селекторот Иван Божовиќ за овие три натпревари се повикани следните фудбалери: Антонио Петровски, Илчо Удовалиев, Влатко Петровски, Леонид Ристановски, Зоран Левески, Ферид Агуши, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров, Иван Крстевски и Еркан Сефари.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација