Фудбалската федерација на Македонија дел од проектот VET4SPORT, за развој на човечки ресурси

Објавено на 12 Јуни, 2019 во Вести


Во својот стратегиски план за развој на фудбалот, Фудбалската федерација на Македонија работи и на развој на човечките реурси на сите профили на спортски работници како еден од предусловите за поголема можност на водење на фудбалот во вистински правец. За таа цел ФФМ се вклучи како партнер, зедно со Македонска асоцијација за човечки ресури (МАЧР) во организција на завршниот настан за проектот „VET4SPORT- Vocational Education and Training for sport workers “. Овој настан предвидува два дела на активности, прв дел од 17-20 Јуни 2019 – обука и тренинг на тренери за развој на способности и втор дел - Меѓународна Конференција која ќе се одржи на 21-ти јуни 2019 година во хотел „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје со почеток од  09 часот.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот „ VET4SPORT - Vocational Education and Training for sport workers “ www.vet4sport.com со посебен осврт на значењето на иницијативата во напорите за  јакнење, инклузија и почитување на различностите преку подобрување на професионалните вештини на спортските работници, како иновативен пристап кон VET практиките. Проектот има за цел: развивање на  наставни програми за сите спортски работници (тренери, регрутери), спроведување на наставни планови и нивно широко  распространување во земјите партнери и пошироко. Наставните програми ќе бидат погодни за едуцирање и надоградување на знаењето на професионалните спортски работници, со цел да се обезбедат практични вештини базирани на практики за управување со човечките ресруси, со што ќе се подобри нивото на професионалност кај спортските работници. Во проектот се вклучени тренери и спортски работници од следните партнерски организации:

- Македонска асоцијација за човечки ресури ( МАЧР)-водечка партнерска организација;

- Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ)-партнерска организација од Македонија;

- Синергија едукација-партнерска организација од Италија;

- СЕЕРЦ-партнерска организација од Грција;

- Фудбалска академија Бургенланд-партнерска организација од Австрија.

Во рамките на промовирањето на добри практики, со свои излагања ќе се претстават клучните институции/организации кои беа вклучени во проектните активности, во насока на потенцирање на важноста од нивно заедничко делување за подобрување на вештините на професионалните спортски работници. На овој настан, исто така, ќе учествуваат врвни спортски експерти, чии презентации ќе бидат искористени како алатки за подигнување на свеста за важноста на улогата на тренерите и вредноста позади добро осмислениот тренинг план.

Оваа конференција има за цел:

· Промоција на иновативната Програма за едукација на спортски тренери, која е резултат на проектот;

· Споделување на искуства од реномирани спикери со релевантно искуство во коучинг и фудбал, како и претставници од УЕФА;

· Размена на информации и идеи за стручно образование и обука за фудбалски тренери;

· Вмрежување помеѓу професионалци од областа на фудбалотод Македонија, Грција, Италија, Австрија и останати земји од ЕУ.

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата Erasmus+.

Соработка за иновации и размена на добри практики „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество“, а е имплементиран од Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) и партнерските организации.

Пријавување за учество можете да го направите на е-пошта: contact@vet4sport.mk , најдоцна до 12 jуни 2019.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација