Финалето од Купот на Македонија на 17. Мај на стадионот Младост во Струмица

Објавено на 11 Мај, 2017 во Вести

ФФМ, клубовите финалисти и МВР на заеднички состанок ги договорија деталите околу организацијата на натпреварот и преземените мерки финалето во Струмица да биде вистински фудбалски празник

На денешниот состанок Васко Дојчиновски комесарот за натпреварување, а воедно и делегат на Куп пресметката меѓу Шкендија и Пелистер ги информираше клубовите за нивните обврски кои произлегуваат од Правилникот за натпреварување, како и за важноста натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера.

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Mkticketsќе изврши дистрибуција на потребниот број билети за двата клуба, како и за нивните раководства и гости. Струмица како град домаќин исто така преку Mktickets ќе биде во можност да располага со билети за љубителите на фудбалот од тој регион.

Согласно планот за мобилност, безбедност, сигурност и инфрастуруктурните услови на стадионот „Младост“ во Струмица, Фудбалската федерација на Македонија во координација со Министерството за внатрешни работи на Р.М. пред клубовите финалисти во Купот на Македонија го презентираше концептот поврзан со организацијата на финалето.

Целта на Комисијата за безбедност на ФФМ е да се превземат сите превентивни, организациски мерки и активности за натпреварот кој е прогласен од висок ризик.  Според правилникот за безбедност на ФФМ и Законот за спречување на насилството и недолично однесување на спортските натпревари, клубовите исто така се должни да превземат мерки и активности за престојниот натпревар за што уште еднаш им беше укажано од страна на делегатот на натпреварот.

Претставниците на МВР информираа дека од нивна страна според изготвен план ќе бидат превземени посебни мерки и активности за престојниот натпревар.

Заеднички став на присутните на состанокот е важноста од напомена до сите кои имаат намера да присуствуваат на натпреварот за забрането внесување на пиротехнички сретства, знамиња или транспаренти со недозволена содржина и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и да не скандираат содржини кои предизвикуваа и потикнуваат омраза или насилство врз основа на верска, расна и национална припадност. Во спротивно од страна на делегатот и главниот судија ќе бидат превземени мерки и активности според Правилникот за натпреварување (Правило во три чекори – превземено согласно правилниците на УЕФА и ФИФА).

Официјалната прес – конференција пред натпреварот е закажана за 16. Мај во 12:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Како одговорно фудбалско тело во државата апелираме за почитување на спортските принципи и вредности. Ја разбираме желбата и потребата на клубовите за максимална поддршка од трибините, но во услови на ограничен простор и добро познати услови на стадионот, како и потребата за посебни услови кои ќе гарантираат спортско однесување важно е да напоменеме дека бројот на билети е ограничен во договор со клубовите и претставниците на МВР.



   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација