Финален турнир во детски лиги

Објавено на 23 Мај, 2016 во Детски лиги


Во неделата на 22.05.2016 на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ беше отворен финалниот турнир од Детските лиги за сезона 2015/16. На отворањето свои обраќања имаа Светозар Станковски - координатор на детските лиги и Филип Поповски - генерален секретар на ФФМ.

Прекрасен ден, 48 екипи учесници, 36 интересни натпревари, многу голови и возбуда, насмевки но и тага, натпреварување но и дружење, речиси 1000 млади фудбалери се зборовите кои накратко би го опишале она што се случуваше во текот на вчерашниот ден. 

Веруваме дека во вторник 24.05.2016, за кога се закажани финалните натпревари и натпреварите за третите места, повторно ќе се случува сето ова, а подолу, покрај постигнатите резултати во текот на вчерашниот ден можете да го проследите и распоредот за завршницата.

Повторно е отворена покана за присуство до сите заинтересирани како заедно би ги поздравилe новите шампиони на Македонија за генерациите на фудбалери родени 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007.

Резултати 22.05.2016 - распоред 24.05.2016.pdf 






   
   
А репрезентација