МК EN SQ 0.0864

ФФМ со помош за погодените од катастрофалните поплави во тетовскиот регион

Објавено на 05 Август, 2015 во Вести, Еднаквост

Фудбалската Федерација на Македонија ќе испрати помош за лицата погодени од катастрофалните поплави кој го зафатија тетовскиот регион.

Донацијата се состои од вода и потребни средства за лична хигиена наменета за граѓаните кои беа зафатени од поплавите во критичните зони. Преку донаторска акција во ФФМ средствата ги обезбедија Управниот одбор на федерацијата и вработените во ФФМ. Фудбалската Федерација на Македонија на сите погодени од поплавите со овој гест сака да им даде до знаење дека ќе биде на располагање во наредниот период за било каква логистичка или хуманитарна помош која ќе биде потребна.




   
   
Актуелности

24.03.2017    Вести

Македонија убедливо со 3:0 победи во Лихтенштајн

Најдобрата репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц славеше со убедливи 0:3 над Лихтенштајн, во натпревар од петото...

Календар

28 Мар

14:00 Македонија - Бугарија
    У21 пријателска
18:00 Македонија - Белорусија
    А репрезентација пријателска
А репрезентација