ФФМ со иницијатива за клупско регионално натпреварување

Објавено на 19 Ноември, 2014 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија поднесе иницијатива до Европската фудбалска унија (УЕФА) за ново меѓународно клупско натпреварување во кое би биле вклучени екипи од 13 држави од поблиското опкружување на Македонија. Регионалното натпреварување според предлог системот презентиран како идеја до раководните структури на УЕФА би го сочинувале испаднатите клубови од квалификациите за Европските купови. Во новото натпреварување би биле вклучени екипи, елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите и Лига на Европа, кои ќе бидат поделени во шест групи со по седум тима. Пласман во првата елиминациска фаза ќе обезбедат победниците и второпласираните екипи во групите. Според предлогот, победникот директно би се пласирал во групната фаза во ЛШ. Второпласираната екипа би добила можност да игра во плеј-оф рундата за ЛШ, а ако не успее да ја помине, натпреварите би ги продолжила во групната фаза во ЛЕ. Во натпреварувањето би биле вклучени екипи од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Кипар, Грција, Турција, Унгарија, Романија и Македонија. Во периодот од 2014 до 2017 година предлогот ќе биде ставен на анализа и разгледување од страна на службите на Уефа, ако има согласност и одобрување истиот би можел да стартува од 2018 година.

-Идејата ја презентиравме пред надлежните структури во УЕФА, го разгледувавме предлог системот за натпреварување во регионалната лига и можноста од 2018/19. година лигата официјално да започне како дел од системот на Уефа. Треба да се формира работна група која детално ќе ја развива идејата за новото клупско регионално натпреварување. Идејата е клубовите да одиграат многу повеќе меѓународни натпревари и доколку испаднат од квалификациите за Европските купови, проблем со кои се соочуваат речиси сите екипи од окружувањето и да им се даде нова можност за квалитетни натпревари кои предизвикуваат интерес кај јавноста и публиката на стадионите. Низ неофицијалните разговори, претставниците на Националните асоцијации од нашиот регион многу позитивно се изјаснија по предлогот,  од причина што сите се соочуваат со истите проблеми - намален број на гледачи на стадионите, недоволен интерес за домашните првенства, мал број на меѓународни натпревари. Сметаме дека проектот е издржан, првичните реакции се позитивни и се надеваме дека заеднички ќе издејствуваме да дојдеме до конечна реализација на регионалното клупско натпреварување, иако идејата допрва треба да се операционализира. Клубови од регионот би играле поголем број на натпревари, интересот кај публиката за натпреварите би бил поголем, спонзорите и телевизиските куќи би имале одлична основа да го најдат својот интерес  и конечно тимовите од регионот би добиле многу поголема шанса да влезат меѓу најдобрите во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, изјави Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ.

Според предлог системот натпреварите од регионалното натпреварување би се играле во термините за пресметките од ЛШ и ЛЕ. Сезонава вкупно 36 екипи од регионот беа елиминирани од квалификациите за Европските купови. 


Во прилог предлог системот за регионално клубско натпреварување:

UEFA Regional League NEW0.pdf 

UEFA Regional League NEW.pdf 
UEFA Regional League NEW1.pdf 
UEFA Regional League NEW2.pdf 
UEFA Regional League NEW3.pdf 
UEFA Regional League NEW4.pdf 
UEFA Regional League NEW5.pdf 
UEFA Regional League NEW6.pdf 


   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација