ФФМ семинар за клубските доктори од Прва и Втора Лига и националните селекции

Објавено на 22 Февруари, 2016 во Антидопинг

”ФУДБАЛСКИТЕ ПОВРЕДИ ДИЈАГНОЗА И ТРЕТРИРАЊЕ”

На 20.02.2016 (сабота), во Скопје беше одржан семинарот/работилница од УЕФА  програмата за едукација на фудбалските доктори акредитиран од УЕФА.

Имајки во предвид дека сите фудбалери заслужуваат еднакво високо ниво на медицинска грижа и подршка, респектирајки ја УЕФА ФДЕП програмата, која има за цел да се усогласи нивото на медицинска нега во европскиот фудбал, ФФМ преку Здравствената Комисија  го организираше вториот по ред семинар/работилница од оваа програма.

На семинарот зедоа учевство 24 доктори. Истиот е задолжителен за добивање на годишната лиценца за клубски доктори.

Лидер на кусот беше др Илија Стоилов претседател на здравствената комисија при ФФМ а беа вклучени и други експерти од областа на спортската трауматологија: др Виктор Камиловски, др Катерина Касапинова, др Мирослав Ивановски и др Константим Митев.

Покрај презентациите од експертите за најважните теми на семинарот (Преглед на УЕФА студијата за Повреди во Фудбалот, повреди на мускулите, повреди на препоните, повреди на коленото и повреди на глуждот), на овој курс беше вклучена и работилницата каде  практично се демонстрираа сите поважни дијагностички тестови од страна на експертите а потоа еден по еден сите учесници на работилницата практично ги повторува усвоените вештини за дијагностицирање на фудбалските повреди со непосредна експертиза од експертите.

Докторите успешно ги направија сите аспекти на практичните вежби, вклучувајки го и полагањето на писмениот дел од курсот.

Сите учесници поединечно го поздравија високиот стандард на курсот, и се согласија дека сршта  на успешна медицинска грижа и подршка на фудбалерите се добрите познавања и вештини од областа на спортската трауматологија.

Ако целите на курсот  се да се научат и освежат ефективните техники на третирање, да се споделат вистинските фудбалски искуства, да се идентификуваат најдобрите практики, работилницата беше комплетен успех како што потврдија и сите учесници.


Благодарност и до УЕФА за обезбедувањето со одличен квалитетен едукативен материјал.

ФФМ семинар 2016.pdf 

SINDROM NA PREPONA 2016 Febr. UEFAFDA 8.ppt 

UEFA, prezentacija, Dr.Ivanovski.pdf 

Povredi na skocen UEFA.pdf 

UEFA - Muskulni povredi.pptx 


Д-р Илија Стоилов

Претседател на здравствена комисија при ФФМ




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација