ФФМ одржа редовен годишен семинар за делегати

Објавено на 15 Февруари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотел „Континентал" го одржа годишниот семинар со делегатите на натпреварите од Прва и Втора МФЛ за сезона 2016/17.

На собирот на делегати, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски уште еднаш детално ги презентираше правилата и пропозициите за натпреварувачка сезона и ги објасни правилниците за натпреварите од двете конкуренции. Претседателот на судискиот одбор, Емил Божиновски  ги објасни пропозициите и правилата во сферата на судењето на средбите од првата и втората конкуренција.

Фудбалската федерација на Македонија го реализира со цел делегатите да се запознаат со пропишаните измени, да го сфатат значењето на промените и да бидат единствено насочени кон квалитетна организација на натпреварите. 




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација