ФФМ ќе ги донира приходите од Македонија - Португалија за погодените од поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Објавено на 20 Мај, 2014 во Вести

Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.

Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18.00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба низ продажната мрежа на МК Тикетс: http://www.mktickets.mk/

Продажни места:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала - Скопје

Со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да покажеме дека сме хумани!




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација