ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

Објавено на 16 Јануари, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

-Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат, истакна Драган Иванов од ФК Силекс.

Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.

-Реално помош во вид на доанција е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуват во системот на спонзорирање, истакна Христовски.

-Нека се радуваат децата. Сите млади дечиња со голема радост ја очекуваат опремата, неколку денови само за тоа зборуваат. Благодарност до Федерацијата, вели Скендер Исмаили од ФК Ринија.

-Голема благодароност до Фудбалската федерација на Македонија. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите, истакна Суљо Алијовски од ФК Шкупи.





   
   
А репрезентација