ФФМ донираше повеќе од 4000 ЈАКО фудбалски топки за младинските екипи

Објавено на 26 Септември, 2016 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија донираше повеќе од четири илјади ЈАКО фудбалски топки на екипите од Супер лига, Втора лига, Регионалните лиги (пионери и помлади пионери) и Регионални лиги (петлиња и помлади петлиња). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 162 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

-Наша заложба е да ги поддржуваме тие кои придонесуваат за развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера. За сите тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина, истакна генаралниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација