ФФМ донираше опрема, реквизити и фудбалски топки на 42 клубови од женската лига

Објавено на 04 Април, 2018 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во насока на развој на женскиот фудбал донесе низа одлуки кои имаат цел популаризација на женскиот фудбал и поголема вклученост на девојчињата во фудбалот. Со одлука на Управниот одбор на ФФМ, женската А репрезентација повторно е реактивирана, а прифатен е и предложениот проект за развој на женскиот фудбал. Од следната натпреварувачка сезона е донесена одлука и за формирање младинска лига за девојчиња.

Фудбалската федерација на Македонија донираше опрема наменета за клубовите од женскиот фудбал. Денеска во „Куќа на фудбалот“ опрема и фудбалски топки добија вкупно 42 клубови од Првата лига и регионите во државата.

-Ја поздравуваме одлуката на Федерацијата за реактивирање на женската А репрезентација. Тоа е многу позитивен чекор и голема мотивација за сите кои се вклучени во работата со женскиот фудбал. Исто така многу важен е проектот за развој на младинскиот фудбал во женска категорија, ќе биде поттик за девојчињата и тренерите. Ќе придонесе за нивно поголемо вклучување во фудбалот, а за нас тоа е битно. Важно е и за тренерите и за селекторите со цел да го подигнеме квалитетот на женскиот фудбал во Македонија. Сите ние кои сме вклучени во женскиот фудбал знаеме дека можеме да напредуваме и тоа ќе го потврдиме. Благодарност до ФФМ за доделената опрема, за сите нас е значајно кога имаме страна која не поддржува и ни дава поддршка, изјави Снежана Трпевски, претседател и тренер на ЏИ-ЏИ Скопје.

-Дефинитивно мотив повеќе за девојките е тоа што е реактивирана женската А репрезентацијата на Македонија. Ќе продолжат да играат фудбал и да ја претставуваат Македонија, се надевам на многу подобар начин. Преку новиот проект за развој наженскиот младински фудбал повеќе девојчиња ќе се вклучат во играта, а тоа е предизвик и за нас тренерите. Благодарност за укажаната шанса и за помошта во опрема која ја добивме, изјави Астрит Мерко, тренер на АС Јунајтед и селектор на Македонија до 19 години. 




   
   
Актуелности

17.04.2018    Вести

Академијата на ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван

Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Акаде...

Календар
А репрезентација