ФФМ детска лига 2015

Објавено на 28 Мај, 2015 во Вести, Детски лиги

Завршните турнири од ФФМ Детски лиги 2015 предвидено е да се одиграат на 29.05 и 31.05 2015 година. Завршните натревари ќе се одиграат на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски".

На истиот учество ќе земат 48 екипи кои ќе бидат поделени во шест возрасни категории - генерација играчи родени 2001, 2002, 2003, 2004, 2005 и 2006. Во секоја од овие генерации ќе се натпреваруваат по осум екипи каде на денот на отворањето ќе се одиграат елиминационите натпревари, додека на финалниот ден ќе се одиграат полуфиналните натпревари, дуелите за трето место и финалната пресметка.

На 29.05.2015 е предвидено и свечено отворање на турнирот. Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

Петок 29.05.2015

До 15.00 часот - Пристигнување и пречек на екипи

До 15.20 часот - Поставување на екипи

До 15.40 часот - Свечено отварање

16.10 - Елиминациски натпревари

До 21.00 часот - Крај на натпреварите по групи и заминување на екипите

Недела 31.05.2015

До 09.00 часот – Пристигнување на екипите

09.30 часот - Полуфинални натпревари, натпревари за Трето место и Финални натпревари

До 15.00 часот - Крај на натпреварите

15.45 часот - Прогласување на победници и доделување на награди




   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација