Ферхан Хасани поради повреда не е во комбинација за настап, повик за Мите Цикарски

Објавено на 29 Август, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација на 02. септември во Хаифа со натпреварот против Израел го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. 

Нашиот репрезентативец Ферхан Хасани  поради повреда не е во можност да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски. Напаѓачот на тетовска Шкендија по извршените лекарски прегледи беше утврдено дека не може да биде во комбинација за настап против Израел.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски на место на повредениот Хасани го повика Мите Цикарски од кипарски Етникос.  




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација