Фан сторија - Лицето од заштитната фотографија на ФФМ

Објавено на 28 Март, 2016 во Вести, Вести


Во пресрет на пријателскиот натпревар со Бугарија, едена порака навистина пријатно нѐ изненади и потврди дека вистинските фанови, љубители на фудбалот и поддржувачи на Македонската репрезентација се секогаш тука да ја покажат својата верба и со цело срце да ја бодрат својата репрезентација, својата земја.

По најавата на натпреварот, бевме контактирани од  Димитар Нацев кој успеа да се препознае себеси како навивачот од насловната фотографија која Фудбалската федерација ја користи како своевиден заштитен знак. Го поканивме да ни дојде на гости и накратко поразговаравме за страста кон фудбалот и спортот воопшто, за македонската фудбалска репрезентација и што за него претставува верен навивач....


„Оваа фотографија која ФФМ ја користи како зштитна на својот промо материјал ми е особено драга затоа што ете на нејзе сум токму јас. Истата е настаната во 2012 год. на натпреварот кој Македонија го одигра на домашен терен против репрезентацијата на Хрватска во рамки на циклусот за квалификации на светско првенство. Како што се гледа од самата фотографија, атмосферта која владее е прилично еуфорична, стадионот е исполнет, се слави фудбалот. И тогаш Македонија не успеа да се пласира на светско, но односот кон репрезентацијата, кон фудбалот беше на поинакво, повиско ниво, поддршката на јавноста беше максимална и безрезервна. Искрено, ми недостасува тоа чувство.Но, гордо можам да кажам дека јас лично не сум кампањски навивач, со македонската репрезентација сум и во добро и тогаш кога резултатите ете не се такви како што сите посакуваме. Апелирам до Македонската јавност да се врати на спортските терени, да им покаже на нашите момци дека веруваме во нив и нивните способности. Од човечки агол тоа на секого му е потребно за да се охрабри, да застане на нозе, да биде најдобра верзија од себе. Како и секогаш до сега, јас, заедно со моите пријатели, ќе бидеме  на арената Филип Втори и на 29 Март да навиваме  за Македонија. Верувам дека многумина ќе го следат мојот пример, па никогаш не се знае, можеби ќе добијам и наследник и оваа убава фотографија ќе има продолжение.“




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација