ЕУРО 2017: Поразени од Португалија, но гордо го напуштаме Европското првенство

Објавено на 23 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година го заврши настапот на Европското првенство во Полска со пораз од Португалија. Во третиот круг од Б групата Македонија загуби со 4:2 од Португалија.

Македонија и Србија освоија по еден бод во групата, во која Шпанија оствари максимални три победи, Португалија е на второто место со шест бода.

Енис Барди во 40. минута упати вистинска бомба од 25 метри во спротивниот агол на противничкиот голман, а португалецот Варела беше немоќен за првиот гол на Македонија на вечерашниот натпреавар. Кире Маркоски во второто полувреме го постигна вториот погодок за Македонија.

Македонија по само две минути игра имаше негатива. Португалците тргнаа фуриозно, по изведен корнер на Меидерос, Едгар Ие со глава ја затресе мрежата на Шишковски.

Португалија во 22 минути обезбеди и предност од 2:0. Стрелец на вториот погодок е Брума, кој постигна ефектен погодок во мрежата на Шишковски, откако се ослободи од двајца наши дефанзивци. Во 30. минута и Рибин Невес имаше шанса за убедлива предност на Португалија, но Дамјан Шишковски прекрасно интервенираше.

Нашата репрезентација успеа да ја намали предноста на противникот во 40. минута. Енис Барди си обезбеди простор и со ефектен удар од далечина го постигна третиот погодок за Македонија на Европското првенство. За Барди ова е втор гол, по оној против Србија од вториот круг.

Португалија во 57. минута ја врати предноста од два гола. Медеирош убаво асистираше во шеснаесетникот на Македонија, а стрелец на погодокот беше Даниел Поденсе.

Македонија во 80. минута повторно ја врати резултатската неизвесност. Кире Маркоски постигна погодок, негов прв на првенството. Македонската репрезентација организираше одлична контра предводена од Ељиф Елмас, кој одлично асистираше до Маркоски, а фудбалерот н Работнички го матираше Варела.

До крајот, Македонија имаше уште неколку полушанси, но погодија Португалците. Во судиското надополнување Брума од мешаница го постигна својот втор гол и ги постави финалните 2-4. Но, и покрај триумфот Португалците немаат шанси за пласман во полуфиналето, бидејќи не можат повеќе да бидат најдобро второпласирана селекција и покрај шесте освоени бода.

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (1:2) 2:4

Македонија: Дамјан Шишковски, Јован Попзлатанов, Мевљан Мурати, Ѓоко Зајков, Енис Барди, Бобан Николов,Давид Бабунски (Кире Маркоски), Егзон Бејтулаи, Марјан Радески (Висар Муслиу), Никола Ѓорѓев, Виктор Ангелов (Енис Барди);

Португалија: Варела, Кансело, Едгар Је, Фигуеиредо, Ребоко, Невеш, Санчез, Медеирош, Поденсе, Брума, Пасиенсиа




   
   
Актуелности
Календар

02 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

05 Сеп

20:45 Македонија - Албанија
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација