Едукативен семинар за користење на опремата од Catapult Sports – London

Објавено на 11 Јули, 2014 во Вести


Со цел подобрување на спортските резултати и перформанси на фудбалерите во младинските репрезентации и фудбалските паралелки на Спортската академија, Фудбалската федерација на Македонија обезбеди опрема од Catapult Sports – London, и тоа комплетната апаратура од програмата Optimeye X4за следење, тестирање и мерење на спортистите – фудбалерите. За таа цел, ФФМ  ќе организира еднодневен семинар за обука и едукација на овој апарат, на кој покрај инсталацијата и теоретскиот дел ќе има приказ на практична примена со подоцнежно внесување на резултатите во софтверот и споредување на вредности.

Семинарот ќе се одржи на 16. јули 2014. со полеток во 09.00 часот во Хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ – Скопје и ќе биде отворен и за клубските тренери кои работат како фитнес, односно кондициски тренери во своите клубови. За подетлани информации и потврда на своето учество ги замолуваме тренерите да испратат електронска потврда мario.gjurcinovski@ffm.com.mk најдоцна до 15. јули 2014. до 12.00 часот.

Обуката и едукација ќе ја врши стручно лице од Catapult Sports – London во соработка со стручни лица од ФФМ.

Лице за контакт

Ѓурчиновски Марио +389 2 3204477

http://www.catapultsports.com/



   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација