Друловиќ: Очекувам да издвојуваме победа над Луксемубрг

Објавено на 21 Август, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ, по објавувањето на списокот на повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Луксембург и Шпанија истакна дека не очекувааат двa значајни дуела.

„ Пред нас се два важни натпревари, особено дуелот против селекцијата на Луксембург, каде што очекувам да издвојуваме победа која ке ни обезбеди подобра атмосфера пред пресметката со силната Шпанија. Повикав 21 играч, оставив простор да повикам уште двајца. Наш најголем проблем претставува фактот што некој од нашите репрезентативци не се во прв план во своите клубови, не играаат колку што треба и не се носители. Ова претставува голем проблем не само за мене, туку и за селекторите на младите репрезентации.", изјави Друловиќ.

Селекторот  Друловиќ потенцираше дека следниот наш противник во квалификациите, репрезентација на Луксембург е добро анализирана и очекува победа во тој дуел.

„ Доста добра ја анализиравме играта на Луксембург, која е доста тврд противник и игра во формација 4-4-2. Не очекува една многу важна средба против тежок противник и само победа се бори. Мора да издвојуваме победа на овој дуел, за да може во добро расположение да ја дочекаме репрезентацијата на Шпанија", изјави селекторот на А репрезентацијата на Македонија.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација