Доминантната Македонија ја победи и Белгија! Репрезентацијата до 19 години во Елитна фаза за ЕП

Објавено на 11 Ноември, 2017 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години се пласираше во Елитната фаза квалификации на УЕФА за пласман на Европско првенство. Македонија славеше со 2:1 против Белгија во натпреварот од 2. коло на турнирот во Скопје и го слави големиот успех на турнирот кој го организираме во Скопје. Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство.

Младите фудбалери предводени од Вујадин Станојковиќ одиграа одличен натпревар против Белгија која како прв фаворит допатува на турнирот во Скопје. Белгиските фудбалери подобро го отворија натпреварот, по десет минути веќе имаа предност од 1:0, но во продолжението бевме подобар противник и заслужено остваривме

Белгија поведе во 10. минута со прекрасен гол по индивидуална мајсторија на Дам Фулон. Македонија почна да игра и да притиска кон голот на Белгијците. Шанси имаа Митровски и Ферукоски, но нивните обиди завршија безуспешно, за иницијативата конечно да вроди плод во 24. минута, кога погоди Елиф Елмас, по одлична асистенција на Дарко Чурлинов.

До крајот на првиот дел Македонија успеа да постигне уште еден гол во мрежата на Белгија, преку Митровски, но сепак, истиот сомнително беше поништен поради офсајд позиција. Стартот на вториот дел нашите надежи го почнаа доста динамично и веднаш почнаа да креираат шанси.

Прекрасна двојна прилика имаше Дарко Чурлинов, во 47. и 51. минута, но неговите удари завршија над голот на Де Смет. Потоа, во 63. минтуа шанса имаше и Елмас, но неговиот удар по земја беше премлак за вторпат да се тресе мрежата на Белгија.

Пред финишот Белгија остана и со играч помалку затоа што поради остар старт беше исклучен Верстрате, а Македонија сето тоа го искористи пред финишот, кога Чурлинов изнуди пенал, а го реализира Јани Атанасов, за конечни 2-1.

МАКЕДОНИЈА до 19 години - БЕЛГИЈА до 19 години  2:1 (1:1)

(0:1 Фулон 10`, 1:1 Елмас 24`, Атанасов 87`)

УЕФА квалификации за Елитна фаза за ЕП; 2. Коло

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Христијан Стефковски, 2. Тодор Тодоровски, 3. Филип Антовски, 4. Миле Тодоров, 5. Агон Руфати, 6. Филип Трајановски, 7. Дарко Чурлинов, 8. Јани Атанасов, 9. Елиф Елмас, 10. Димитар Митровски, 16. Марко Ферукоски; Селектор: Вујадин Станојковиќ

БЕЛГИЈА до 19 години: 1. Де Смет, 2. Себастијан Борно, 3. Андреас Бурсен, 5. Дам Фулон, 6. Сибен Девале, 7. Тибо Верлиден, 8. Лоис Верстрат, Ксиан Емер, 11. Инди Бонен, 13. Давин Лисен, 16. Сене Линен; Селектор Герт Верјен




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација