МК EN SQ 0.1035

Дoбринко Илиевски: Заслуживме место во елитната фаза, одигравме одличен турнир

Објавено на 01 Ноември, 2016 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 17 години на квалификацискиот турнир кој се одигра во Италија со 2-1 славеше над Албанија на последниот натпревар и ги задржа шансите за влез во елитната квалификациска фаза за пласман на Европското првенство за фудбалери до 17 години. Репрезентацијата предводена од Добринко Илиевски одигра без голови против домажинот Италија во второто коло, а единствениот пораз го доживеавме на воведната пресметка против Србија.

-Одигравме одличен турнир. Заслуживме влез во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство. Успеавме да запшишеме четири бода, на ваков турнир досега тоа не ни успеало. Честитки до играчите, покажаа квалитет и голема желба за успех. Ме радува начинот на кој го одигравме натпреварот против силната Италија, а посебно што се вративме од гол негатива и забележавме триумф над Албанија. Ние не калкулиравме, спортски се бориме и се надеваме дека ќе имаме среќа да бидеме дел од елитната фаза од квалификациите иако работите сега не зависат од нас. Оваа генерација има квалитет за голем резултат, иако се соочувавме и со одредени проблеми околу составот, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Добринко Илиевски.

Македонија има шанса за пласман во елитната фаза на Европското првенство, бидејќи според правилникот на УЕФА покрај најдобрите две селекции во групата, петте најдобро третопласирани репрезентации обезбедуваат влез во елитната рунда, а нашите надежи според бодовите се петти и им се смета еден бод од дуелот со лидерот Италија (0-0). За да обезбедиме пласман ќе треба во групата 12 која започнува денеска (1. ноември), да нема подобра третопласирана селекција од нас. Во групата 12 се Полска, Исланд, Израел и Ерменија.



   
   
А репрезентација