Директорот за Национални асоцијации, Зоран Лаковиќ ја истакна улогата на УЕФА на Генаралното Собрание на ФФМ

Објавено на 12 Декември, 2018 во Вести


Директорот за Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ со официјален допис до ФФМ ја искажа поддршката на УЕФА во однос на организацијата и одржувањето на Вонредното Генерално Собрание на ФФМ, нагласувајќи ја улогата и пораките упатени од Денис Бастари кој како важен претставник од администарацијата на УЕФА беше присутен во Охрид на Собранието на ФФМ.

Во текот на Вонредното Генерално Собрание на ФФМ, се обрати претставникот на УЕФА, Денис Бастари, притоа истакнувајќи дека ФФМ е важен член на семејството на УЕФА и секогаш ќе остане како таква.

УЕФА е среќна што има одличен партнер во Фудбалската федерација на Македонија. Благодарение на вашата посветеност градите силна федерација со добра структура и одлични односи со другите национални асоцијации. Ние сме исклучително задоволни што ги почитувате главните постулати на УЕФА, а тоа е фокусот на програмите за развој на младинскиот фудбал, грасрут проектите, напорите за подобрувањето на фудбалската инфраструктура и исклучителната посветеност за напредок и развој на младите национални селекции преку вложувањата во тие категории и националните академии. Поддршката на УЕФА преку „хет-трик“ програмите ќе расте во наредните години, а тоа е само дополнителен поттик за асоцијациите да ги зајакнат заложбите за реализација на тековните и проектите кои ќе се реализираат во блиска иднина. Фудбалската федерација на Македонија ја заслужи својата почит во европското фудбалско семејство и убедени сме дека односите со УЕФА ќе бидат на истото ниво. В.Д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини заедно со администрацијата вршат одлична работа во изминатиот период, не само кога е во прашање Вонредното Генерално Собрание, туку и во подготовката на претстојниот избор за претседател на ФФМ. УЕФА секогаш, во добри и лоши времиња, во моменти на радост и тешкотии, ќе биде со вашата федерација бидејќи ФФМ е важен член на семејството на УЕФА и секогаш ќе остане како таква. Убедени сме дека вашите одлуки ќе бидат од големо значење за развојот и унапредувањето на македонскиот фудбал“.

Во дописот од УЕФА стои дека на генералните собранија на федерациите, УЕФА секогаш има свои претставници кои ја даваат својата поддршка. Давор Шукер, како член на Извршниот комитет на УЕФА е назначен да биде висок претставник на УЕФА на Собранијата на ФФМ. Оваа година Давор Шукер имаше логистички проблеми со доаѓањето, но сепак УЕФА беше достојно претставувана од член на нејзината администрација - Денис Бастари, кој има менаџерска позиција во одделот за Национални асоцијации.

Во продолжение можете да го погледнете официјалниот допис на УЕФА до в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

Letter_Muamed Sejdini_20181212.pdf 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација