Девојки до 17 години: Утре започнува УЕФА развојниот турнир

Објавено на 15 Јуни, 2016 во Вести, До 17 год жени


На тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје утре ќе започне УЕФА развојниот турнир за девојки до 17 години. На овој контролен турнир, покрај нашата млада селекција предводена од Тоше Нацев, учество ќе земат и репрезентациите на Азербејџан и Хрватска.

Првиот дуел на овој турнирот е закажан за утре со почеток од 11:00 часот во кој нашата репрезентација силите ќе ги одмери со Азербејџан. Средбата Хрватска -Азербејџан ќе се одигра два дена подоцна во истиот термин, а турнирот ќе зарвши со натпреварот меѓу Македонија и Хрватска на 20 јуни д 11:00 часот.

 Наспроти УЕФА развојниот турнир кој ќе се одржи во Скопје, Селекторот Нацев го објави списокот на фудбалерки во кој се најдоа:

- Суарта Рочи АС Јунајтед 
- Гегова Драгана Борец 
- Живиќ Јулија Борец 
-. Ѓорѓиевска Теодора Борец 
- Јошевска Кристина Топ Гол 
- Белистојановска Марија Топ Гол 
- Бумбарова Теодора Конзули 
- Граматикова Сара Тиверија 
- Дервиши Рабија Драгон 
- Ѓорѓиоска Јована Топ Гол 
- Димоска Теодора Драгон 
- Стоилковиќ Наталија Речица 
- Петрушевска Кристина Борец 
- Ѓорѓиевска Марија Борец 
- Положани Синдис Билјанини извори 
- Петровска Теодора Топ Гол 
- Николовска Кристина Борец 
- Џевалекова Марија Тиверија 
- Николова Ивана Тиверија 
- Костеска Надица Истатов 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација