Делегатот одлучува за евентуалниот настап на Спировски, повик за Стјепановиќ

Објавено на 21 Март, 2017 во Вести, Вести


Делегатот на натпреварот Лихтенштајн - Македонија, квалификациски натпревар кој ќе го одиграме во Вадуц на 24. март на ден пред натпреварот ќе одлучи дали нашиот репрезентативец Стефан Спировски може да настапи со имобилизатор на шаката кој мора да го носи поради повредата на десната шака.

Фудбалерот од средниот ред на Вардар има фрактура на базата на палецот од десната шака и поради тоа мора да носи ортоза (имобилизатор) во наредниот период, пред се заради превенција од наредна повреда. Лекарскиот тим во македонската репрезентација вели дека се работи за скршеница за која се очекува дека во период од три месеци ќе зарасне без компликации.

Иако се очекува делегатот на натпреварот во Вадуц да даде дозвола за негов настап на пресметката во петок, сепак селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски одлучи да го вклучи во тимот и Остоја Стјепановиќ од полски Вроцлав. Стјепановиќ денеска ќе му се придружи на репрезентативниот состав и ќе биде во комбинација за настап против Лихтенштајн.

А репрезентацијата денеска во 13:00 часот ќе тренира на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.





   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација