Давид Бабунски по двете победи со младата репрезентација: Само со верба и заедништво можеме до големи резултати

Објавено на 19 Ноември, 2014 во Вести

Давид Бабунски е еден од македонските репрезентативци од категоријата „иднината е пред него“.

Нашиот фудбалски талент и играч на Барселона Б се наметна како лидер во репрезентацијата до 21 година. Во составот предводен од Благоја Милевски се чувствува „свој на своето“. Впечатоците на Давид Бабунски по двете победи на младата репрезентација против Романија и Црна Гора се повеќе од позитивни.

-Одигравме два натпревари и забележавме две победи, тоа за нас е многу позитивно. Победите допринесуваат да се зголеми самодовербата кај секој од нас, а со самото тоа се создава и одлична атмосфера во тимот. Работиме тимски, размислуваме на тој начин, желбата за победа не обединува, едноставно, дишеме како еден. Резултатите на двата натпревари потврдуваат дека се работи одлично и професионално, вели Давид.

Повозрасниот од браќата Бабунски кој ги одигра и последните 15 минути за А репрезентацијата на натпреварот против Словачка вели дека доколку се задржи континуитетот во младата репрезентација можеме да стиигнеме на големо натпреварување.

-Квалитет имаме, од нас зависи дали можеме да го направиме толку посакуваниот чекор и да се најдеме на големо натпреварување. Ако продолжиме во оваа насока, ако во континуитет се однесуваме професионално во исполнување на обвските резулатите ќе дојдат сами по себе. Само со верба во квалитетите и заедништво можеме да ја исполниме целта. Селекторот и стручниот тим верува во нас, ние сме свесни дека ја претставуваме таа нова генерација на македонскиот фудбал и се надевам дека ќе го дадеме максимумот од нашите можности да ја оправдаме довербара.

Давид повторува дека тимската работа треба да биде тоа што ќе ја краси оваа репрезентација, нешто што го научил како правило во колективот на Барселона.

-Во нашиот тим на секој тренинг се влегува максимално сконцентрирано, во секоја вежба или активност се даваме сто процентно. Акцентот е ставен на тимската работа, не се почитуваат многу индивидуалните решенија. Тренинзите се интензивни, се работи со полна сила од почеток до крај. На тој начин можеме да дојдеме до резултат, посветено и тимски, вели Давид.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација