Чеферин доби нов мандат на чело на УЕФА. Сејдини: Федерациите добиваат рамноправност каква што заслужуваат

Објавено на 07 Февруари, 2019 во Вести


Во Рим е одржан 43. Конгрес на УЕФА, на кој Александар Чеферин доби нов четиригодишен мандат да биде на чело на Европската фудбалска Асоцијација.  Фудбалската федерација на Македонија на Конгресот во главниот италијански град ја претставуваа в.д. претседателот, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

Новиот мандат да биде претседател на УЕФА, словенецот Александар Чеферин го доби со акламација и ќе ја предводи УЕФА до 2023. година.

-Горд сум и навистина почестен од ваквата поддршка. Како УЕФА вистина е дека сме во одлична позиција, но тоа не е доволно. Мораме однапред да мислиме на развојот на фудбалот и идниот успех. Ќе ја исполниме зацртаната стратегија, а низ единство и заедничка работа со Асоцијацијата на клубовите нема да отстапуваме од основното начело, а тоа е спортскиот резултат, порача Чеферин.

-Ве повикувам да работиме заедно сѐ со цел да осигураме дека европскиот фудбал ќе остане обединет, дека европскиот фудбал ќе остане почитуван, ќе продолжи да покажува солидарност и да носи надеж,рече Александар Чеферин.

В.Д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на Конгресот во Рим му го честиташе новиот мандат на Александар Чеферин.  

-Му честитам на Александар Чеферин за новиот мандат на чело на УЕФА. Во работата, проектите и натпреварувањата на УЕФА сите федерации добиваат рамноправност и еднаквост каква што заслужуваат и тоа треба да го респектираме. Интегритетот, транспарентноста и позитивниот имиџ мора да останат важен или клучен дел од европскиот фудбал. Посакувам претседателот на УЕФА, Александар Чеферин да продолжи да го промовира фудбалот на највисоко ниво и во таа насока му посакуваме многу среќа и успех, изјави в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Во Рим, Фудбалската федерација на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Фудбалската асоцијација на Норвешка за развој на женскиот фудбал. Проектот целосно финансиран од Владата на Норвешка предвидува организирање на четири курсеви во период од две и пол години. На секој курс ќе партиципираат по 24 жени/девојки без претходна тренерска едукација во женскиот фудбал. По завршување на курсот секој од тренерите ќе добие спортска опрема за тренинг за 12 деца со обврска да започне активности во својата општина или место на живеење, а ФФМ со низа дополнителни активности ќе се стреми да го зголеми бројот на женски тренери со национална Ц лиценца. 





   
   
Актуелности

08.07.2019    Вести

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион...

Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација