Центар за Едукација на тренери при ФФМ објавува упис на кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска диплома

Објавено на 20 Мај, 2014 во Вести

Центар за Едукација на тренери при ФФМ објавува упис на кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска диплома.

Заинтересираните тренери-кандидати кои сакаат да се пријават за учество на овој курс, треба да ги достават следниве документи:

-  Копија од лична карта

-  Копија од диплома за најмалку средно образование

-  Лекарско уверение

-  Потврда за играчки стаж од најмалку 4 години (сениорски фудбал)

-  Копија од уплатница за прва рата од чинење на курсот (6150,оо ден)

-  Барање до ФФМ за упис на УЕФА Б курс.

Овие документи да се достават лично или по пошта до архива на ФФМ, со назнака за Центар за Едукација на Тренери, на следнава адреса:

ФФМ – Скопје, Бул. АСНОМ бб, 1000 Скопје

Првиот дел од курсот е закажан за 8 – 14 Јуни 2014 во Хотел ИСТАТОВ – Нов Дојран, уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760, Комерцијална банка, Примач ФФМ – Скопје, со цел на дознака: за УЕФА Б Курс.

Со почит,

Фудбалска Федерација на Македонија




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација