Целта е исполнета, Македонија со 2:0 славеше против Лихтенштајн

Објавено на 16 Ноември, 2018 во Вести, Вести


Целта е исполнета. Македонија со победа се враќа од Вадуц и сега сме на бод од првата позивција на табелата во Лигата „Д" од Лигата на нации на УЕФА.

Македонија со 2:0 славеше на „Рејн Парк“ стадионот притив Лихтенштајн со головите на Енис Барди и Илија Несторовски.

Нашите репрезентативци атакуваа уште од првата минута што побрзо да дојдат до водство, креирајќи шанси, првата посериозна ја имаше Хасани, но го погоди надворешниот дел од мрежата. Пресудниот момент на средбата се случи на почетокот од вториот дел кога Пандев е соборен на 17 метри. Домашниот фудбалер Сандро Веисер заработи втор жолт картон, а по само неколку секунди – евро гол! Проектил на Енис Барди со првиот негов гол од слободен во дресот со државните бои. 

Потоа се беше многу полесно. Лихтенштајн со 10 играчи на теренот, набиен пред својот гол и без ниту една прилика по мрежата на Димитриевски.

Во 70. минута Горан Пандев го тресе левиот дирек на Лихтенштајн, се закани Трајковски пет минути подоцна за да во самиот финиш нашите репрезентативци тргнаа со сета сила по вториот гол.&;

Пандев повторно се избори за добра шанса, но нема добар агол, а потоа тандемот од Палермо ја заверува победата. Трајковски во 91. минута му асистира на Несторовски, кој лесно од 3-4 метри стрела за 0:2.

Лихтенштајн - Македонија 0:2 (0:0)Стадион: „Рајн Парк", во Вадуц. Гледачи: 2.100Главен судија: Петр Арделеану, од Чешка.Ж. Картони: Виесер, Куинтанс (Л), Пандев (М)Ц. Картон: Веисер 49'Стрелци: Барди 50', Несторовски 91'Играч на натпреварот: Горан Пандев

Лихтенштајн:. Бухел, Брандл (Ерне 75'), Гопел, Куинтанс (Еберле 75'), Сале (Ло Русо 75'), Веисер, Салановиќ, Мејер, Речстенер, Палверино.
Селектор: Рене Паурич

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Тричковски (Спировски 76' – Тошевски 84'), Трајковски, Пандев, Хасани (Велковски 76'), Бејтулаи, Николов, Барди, Несторовски.
Селектор: Игор Ангеловски





   
   
Актуелности

17.05.2019    Вести

Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата ...

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација