Бобан Николов: Се фокусираме на нашата игра, Израел нека биде наша пресвртница

Објавено на 30 Август, 2017 во Вести, Вести


Македонската А репрезентрација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Израел во Хаифа на 2. септември. Репрезентативецот Бобан Николов вели дека доколку сите во тимот го дадат максимумот нема причина да стравуваме, туку напротив, да се бориме за победа. 

- Очекувам да одиграме одличен натпревар против Израел, противник кој едноставно ни е „должник“ откако со многу среќа славеа на првиот натпревар во Скопје. Се обидувам да се наметнам со многу работа на тренинзите, впрочем како што и сите останати, а на селекторот е одлуката кој ќе игра. Работиме добро, се фокусираме на нашата игра и начинот на кој ние ќе се спротивставиме во Хаифа. Ако сите го дадеме максимумот нема причина да стравувуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува тоа сме ние во тимот, изјави Бобан Николов. 

Заминувањето за Хаифа е утре,  натпреварот меѓу Израел и Македонија се игра на 2 септември.




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација