Благоја Милевски: Селектираните фудбалерите од генерацијата 1996/97 покажаа квалитет, дефинитивниот состав за ЕП во понеделник

Објавено на 04 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год


На тренинг центарот „Петар Милошевски“ генерацијата македонски репрезентативци 96/97 одигра контролен натпревар кој треба да даде одговорот кој шест или седум имиња ќе бидат вклучени во списокот на селекторот на Македонија до 21 година за Европското првенство во Полска. Предводникот на најуспешната македонска репрезентација, Благоја Милевски дефинитивниот список за континенталниот собир ќе го соопшти во понеделник.

-Ова е наша последна проверка пред почетокот на новите квалификации. Задоволен сум од фудбалерите, покажаа дека не случајно се тука. Се надевам дека ќе имаат успешни подготовки, а пред се ќе бидат стандардни во своите клубови. Списокот за ЕП во Полска, или кој од фудбалерите од новата генерација ќе ги вклучиме за настап на Европското првенство ќе го соопштиме утре, изјави Милевски.

Фудбалерите кои веќе се најдоа на списокот на Милевски за ЕП во Полска денеска го имаат првиот собир во 17:00 часот во хотел „Александар Палас“.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација