Благоја Милевски: Овој тим заслужува поддршка

Објавено на 04 Ноември, 2015 во Вести, До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по објавувањето на списокот на повикани фудбалери на прес конференција ги сподели очекувањата во пресрет на квалификацискиот натпревар со Франција. 

„ Повратник во составот е Доријан Бабунски, мило ми е што го реши клупскиот статус и се надевам дека ќе ни помогне во остварување на заедничките цели. Дарко Велковски по суспензијата се враќа во тимот, а како алтернатива во средниот ред сметаме и на Петар Петковски, капитенот на репрезентацијата до 19 години. Не е потребно да се трошат зборови за Франција, тим составен од играчи кои настапуваат во најсилните европски првенства и многу побитно, стандардно играат за своите тимови. Франција е фаворит, но доколку го повториме пристапот, дисциплината во играта и карактерот на екипата сметам дека можеме да се надеваме на позитивен резултат. За нас како стручен штаб е многу важно што успеавме да всадиме победнички менталитет во репрезентацијата до 21 година. Постојано нагласуваме, така и овој пат дека за позитивниот притисок пред натпреварите најзаслужни се играчите. Ние ќе бидеме најсреќни доколку таков притисок имаме пред сите натпревари. Тоа значи дека сме на прав пат. Очекувам да бидеме здрави, да одработиме квалитетни подготовки, да добиеме поддршка од љубителите на фудбалот и да се надигруваме со силниот противник.", изјави селекторот Благоја Милевски




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација