Благоја Милевски: Наша обврска е да го дадеме максимумот, а дали ќе биде доволно за успех ќе видиме по мечот со Украина

Објавено на 17 Мај, 2016 во Вести, До 21 год


Македонска репрезентација до 21 година ќе и гостува на Украина на 27. мај на стадионот „Валери Лобановски" во Киев, на квалификациски натпревар за Евро 2017 во Полска. По објавувањето на списокот на фудбалери свое видување за натпреварот на прес-конференција даде селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски.

-Списокот е истиот како и на претходните натпревари, со двајца дебитанти, Филиповски и Елмаз. Двајцата со своите игри во Работнички и Силекс и во селекцијата до 19 години потполно го заслужија повикот. На тој начин ги задржуваме и ги почитуваме критериумите кои ги поставивме на почетокот на нашата работа. Одиме од натпревар за натпреавр, ќе бидеме максимално сконцентрирани најпрвин на мечот во Киев против Украина. Како репрезентација Украина е во најдобрите десет европски селекции и играчи кои се стандардни во првата лига на Украина. Не чека исклучително тежок натпреавар, ние треба да го дадеме максимумот, а дали ќе биде доволно за успех, ќе видиме по завршувањето на мечот. Се надевам дека сите повикани ќе бидат здрави и ќе бидат подготвени да го дадат максимумот, изјави Милевски.

Предводникот на нашите надежи вели дека Македонија не е фаворит против Украина без оглед на бодовното салдо во квалификациската група.

-Ги почнавме квалификациите од дното, но со игрите и со резултатите, момците покажаа дека имаат квалитет и дека може да се носат со најдобрите. Покажаа дека можат да се надигруваат и со најдобрите. Не сме фаворити, но Македонија покажа квалитет, формата е во нагорна линија и размислуваме позитивно. Ако бидеме на ниво, може да се надеваме на успешен настап и против Украина“, вели Милевски.

Селекторот Благоја Милевски упати искрени честитки до екипите на Вардар и Шкендија за освоените титули во првенството и Купот на Македонија, како и до Победа и Македонија Ѓ.П. за изборениот пласман во Првата лига.




   
   
А репрезентација