Благоја Милевски: Ќе се обидеме да си ја вратиме самодовербата

Објавено на 03 Ноември, 2017 во Вести, До 21 год


Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски даде свое видување во однос на составот на репрезентацијата и повиканите фудбалери за квалификацискиот натпревар против Австрија на 14. ноември во Скопје.

-Во тимот има четворица дебитанти, од кои двајца голмани, Јанков од Локомотива и Трајчевски од Победа Валандово, Садики е стандарден сезонава во Работнички и Стојановски од хрватски Дугопоље. Сметам дека сите треба да бидеме на повисоко ниво во однос на претходните натпревари, посебно ако го земеме во предвид дуелот со Гибралтар. Тоа е опомена за некои од фудбалерите кои се наоѓаат и на овој список. Дел од репрезентативците кои се лидери во клубовите очигледно имаат проблем да се наметнат во таа улога во националниот тим и овој момент секако ќе биде тема за анализа во периодот кои следува. Австрија е познат противник, знаеме се за противникот, но пак ќе потенцирам, важно е ние како ќе изгледаме на терен, изјави Милевски.

Првиот тренинг Македонија до 21 година ќе го има на 8. ноември во 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација