Благоја Милевски: „Имаме проблеми со составот, но Македонија ќе игра офанзивен фудбал“

Објавено на 15 Март, 2016 во Вести, До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски за квалификациските натпревари против Исланд и Франција на 24.март во Скопје и 28. март на гостински терен во Ле Ман повика двајца нови фудбалери, Енур Тотре и Ѓорѓи Стоилов, како Филип Илиќ на голманската позиција.

-Радески и Ангелов се во преден план во нападот, играат стандардно во своите клубови. На списокот го нема Доријан Бабунски, затоа што нема настап од 24. јануари, но верувам дека ќе го имаме за идните натпревари. Во одбраната имаме проблеми. Дарко Велковски не игра стандардно, но се работи за голем квалитет кој заслужува да биде дел од тимот. Позитивно е што голманот Игор Алексовски се опорави, добро тренира и очекувам да настапи за Македонија Ѓ.П. на саботниот дуел, истакна Благоја Милевски.

Нашиот селектор дополни дека добро е анализирана играта на Исланд и дека нема да отстапиме од офанзивниот стил на игра.

-Добро ја анализиравме селекцијата на Исланд. Се работи за тим кој го краси извонредна дисциплина на теренот. Играчкиот квалитет и потенцијал се на наша страна, но мораме да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90. минути. Мислам дека нема да ни се повтори тој психолошки пад од 15-на минути од првиот натпревар против исланѓаните кој на чуден начин го загубивме. Мора да имаме агресивен пристап и така ќе биде се додека сум селектор, Македонија ќе игра офанзивен фудбал, без разлика дали играме против Исланд или против Франција, дополни Милевски.

Во пресрет на двата квалификациски натпревари, македонската репрезентација се наоѓа на третата позиција во Групата 3, со седум освоени бода, четири помалку од лидерот Исланд и три од Франција, но и со натпревар помалку.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација