Благоја Милевски: Играчите дадоа се од себе, немавме среќа да победиме

Објавено на 24 Март, 2016 во Вести, До 21 год


-Задоволен сум од залагањето на фудбалерите, од нивниот однос кон репрезентативниот дрес, дадоа се од себе да остварат победа, но немавме среќа да победиме. Не сум задоволен од резултатот, но кога веќе не победивме, позитивното е што освоивме бод, бидејќи на крајот од натпреварот имавме мал пад во концентрација. Реков и пред натпреварот, ова не е клучен дуел за Македонија и продолжуваме да работиме, остануваат уште пет натпревари и ќе видиме како ќе се одвива продолжението од квалификацискиот циклус. Можеби бевме на моменти пребрзи во одредени акции, но севкупно сум задоволен. Следува натпревар против фаворитот во групата Франција, таму одиме да се надигруваме, ништо помалку, се додека сум селектор на овој состав ќе го задржиме истиот стил, напаѓачки и офанзивен, изјави Милевски.




   
   
А репрезентација