БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ: ДОЛЖНОСТ МИ Е КАКО ЧОВЕК ДА ГИ ИСПОЧИТУВАМ СИТЕ КОИ ГО НАПРАВИЈА НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ

Објавено на 23 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год


„Како селектор на Македонија на ова за нас прво, историско Европско првенство, но и како личност, чувствувам потреба и имам должност да ги испочитувам нашите херои кои во изминатите речиси три години дадоа придонес и безусловно се вложуваа во остварувањето на најголемиот резултат за македонскиот фудбал. Во зависност од потребите на тимот на натпреварот вечерва против Португалија ќе се обидеме на сите да им дадеме шанса за настап на ова Европско првенство. Иако натпреварот со Португалија нема судбоносно значење за нас, сепак е многу важен од аспект на градење на рејтингот на репрезентацијата и негово подобрување. Вечерва ќе се трудиме уште еднаш да покажеме, како и на претходните два натпревари дека излегуваме на терен со цел - да играме фудбал, да се надигруваме и да направиме се што е во наша моќ за да победиме. Дали ќе успееме во тоа ќе видиме по завршувањето на пресметката“, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски спроти вечерашниот натпревар од ЕУРО 2017 против Португалија.




   
   
Актуелности
Календар

02 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

05 Сеп

20:45 Македонија - Албанија
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација