Благоја Милевски: „Да ја повториме играта од претходните натпревари“

Објавено на 10 Ноември, 2015 во Вести, До 21 год



Македонската репрезентација до 21 година денеска го одработи вториот тренинг спроти квалификацискиот натпревар против Франција на 15. Ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од досегашниот тек на подготовките, се надева дека фудбалери ќе ја повторат играта од претходните натпревари.

-Франција е фаворит на овој натпревар. Станува збор за селекција составена од квалитетни играчи кои настапуваат во најсилните европски шампионати. Нашата цел на овој натпревар е да забележиме победа со која ќе ја продолжиме одличната серија. За такво нешто потребно е да ја повториме играта, пристапот и дисциплината од претходните натпревари. Подготовките течат според планираното, момците се свесни за важноста на оваа средба и максимално се подготвени за да се соочат со предизвикот, вели селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски

Фудбалерот на Вардар и младински репрезентативец, Бобан Николов гледа позитивно во пресрет на квалификацискиот натпревар в недела против фаворитот во групата и вели дека самодовербата во националниот тим е на највисоко ниво.

-Ја почитуваме репрезентацијата на Франција, меѓутоа не се плашиме. Ќе пристапиме на овој натпревар како и на претходните, со голема желба за остварување на позитивен резултат. Самодовербата која ја имаме во моментов е на највисоко можно ниво. Треба да се подготвиме и физички и психички за оваа средба доколку сакаме да се надеваме на добар резултат. Нашата цел на секој натпревар е да одиме на победа, така ќе биде и овој пат, изјави Бобан Николов

Најмладиот во овој состав, Петар Петковски вели дека ја има целосната подршка од стручниот штаб и фудбалерите и смета дека само со пожртвувана игра и борба до самиот крај може да се оствари победа против Франција.

-Денес го одработивме вториот тренинг од овие мини подготовки во пресрет на натпреварот со Франција. Иако сум најмлад во оваа репрезентација, сепак  ја имам целосната подршка и доверба од сите фудбалери и стручниот штаб која во овој момент ми значи многу и ме мотивира да дадам се од на овие подготовки и на натпреварот против Франција. Мора да бидеме фокусирани од почеток до крај против фаворитот во нашата група доколку сакаме да оствариме победа. Ја почитувам селекцијата на Франција која важи за една од најдобрите во Европа, но нашата цел е освојување на трите бода на овој натпревар, вели Петковски.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација