Билетите за последниот натпревар од Лига на Нации, Македонија - Гибралтар од денес во продажба

Објавено на 12 Ноември, 2018 во Билети, Вести


Од денес во продажба се пуштени билетите за последниот натпревар на нашата А репрезентација во рамки на новото УЕФА натпреварување, Лига на Нации. Македонската А репрезентација на 19. ноември со почеток во 20.45 ч. го пречекува Гибралтар на Националната Арена Филип Втори во Скопје.

Билетите за натпреварот по цена од 100 и  150 денари од денес можат да се купат на продажното место на ФФМ во Скопје Сити Мол, онлајн на https://www.karti.com.mk/ како и во продажната мрежа на МК Тикетс:

Доколку сте заинтересирани за купување на ВИП билети, истите се достапни по цена од 1000 денари низ горенаведената продажна мрежа.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација