Билетите за Европското првенство во Полска пуштени во продажба

Објавено на 21 Февруари, 2017 во Билети, Вести, До 21 год

Полската фудбалска федерација ги пушти во продажба билетите за европското првенство за репрезентации до 21 година преку онлајн платформа.

На следниот линк од денес ќе можат да се купат билети за настапите на македонската репрезентација до 21 година на европското првенство во Полска по супер популарни цени од 3 и 5 Евра:

http://u21poland.com/en/tickets-for-uefa-under-21-poland-2017-on-sale-from-21-february/

Македонија првиот натпревар го игра во Гдиња против Шпанија на 17. јуни, 2017. Потоа следи натпреварот против Србија на 20. јуни во Бидгошч. а последниот натпревар во групата нашата репрезентација ќе го одигра против Португалија, повторно во Гдиња на 23. јуни, 2017.

Цените за билетите на полуфиналните натпревари во Тиши и Краков на 27. јуни се 5 и 7 Евра, додека пак финалето во Краков на 30. јуни ќе може да се проследи по цена од 7 и 9 Евра.




   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција! Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација