Билети за натпреварите Македонија - Норвешка и Македонија (21) - Австрија (21)

Објавено на 06 Ноември, 2017 во Билети, Вести


МАКЕДОНИЈА - НОРВЕШКА

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 11. ноември 2017., 18:30 часот

Портал за влезници

Трибина / Цена на влезници:

Јужна трибина / Блок 1, 2, 5 и 6 - 100 денари; Блок 3 и 4 - 150 денари;

Започна продажбата на влезници за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Норвешка (11. ноември) и квалификациската пресметка Македонија - Австрија  (14. ноември) за репрезентации до 21 година.

Доколку сакате да присуствувате на фудбалскиот натпревар Македонија - Норвешка и да ја бодрите репрезентацијата на Македонија тоа може да го направите со купен билет преку продажната мрежа на mktickets.

Влезниците во продажба по цена од 100 и 150 денари.

МАКЕДОНИЈА до 21 година – АВСТРИЈА до 21 година

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 14. ноември 2017., 13:00 часот

Портал за влезници

Трибина / Цена на влезници:

Јужна трибина / Блок 1, 2, 3,4, 5 и 6 - 100 денари;

Македонската репрезентација до 21 година на 14. ноември во 13:00 часот против Австрија го игра исклучително важниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП во Италија 2019 година. Да ја бодриме омилената селекција предводена од Благоја Милевски со купен билет по супер промотивна цена од 100 денари преку продажната мрежа на mktickets.

Купи билет и бодри ја Македонија!



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација